Кривична пријава добил 53-годишниот М.Ј. од Скопје поради тргување со отпад без поседување дозвола од страна Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејноста.
На 27.07.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир го затекнале пријавениот како тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејноста издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, известуваат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму информираат дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје има поднесено кривична пријава против него поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“ по член 230 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.