Кај 54 годишен скопјанец доцна вечерва полицијата упадна и во домот пронајде импровизирана сушара на марихуана. Од фотографиите испратени од Министерството за внатрешни работи (МВР) може да се забележи дека марихуаната се сушела во просторија каде поминуваат цевки од парно кои создавале топлина.
„По претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Т.Н. (54) во Скопје. При претресот пронајдена е марихуана и импровизирана сушара за марихуана, како и неколку саксии со канабис“, информираа вечерва од МВР.
54 годишниот Т.Н е приведен и задржан во полициска станица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.