На влез на Граничен премин „Табановце“ од слобода е лишен Ф.Ф. (26) од Скопје, со привремен престој во Франција, кај чие возило било утврдено дека бројот на шасија е оштетен и на него физички било делувано.
При извршена дополнителна контрола на патничко моторно возило “бмв“ со национална ознака на Р. Франција, сопственост на Ф.Ф. било констатирано дека типската налепница отстапува од оригиналноста, а бројот на шасија е оштетен и физички е делувано на истиот. Возилото е одземено со потврда, додека лицето ќе биде предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка, се вели во соопштение од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.