Вчера околу 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Д.Р.(29) од с.Марино, општина Илинден.

Претходно, од улица „Јустинијан Први“ тој бил спроведен во кругот на Полициската станица Драчево затоа што управувал нерегистрирано товарно возило „фолксваген транспортер“ со скопски регистарски ознаки со активна забрана за управување моторно возило. Во кругот на полициската станица му била дадена наредба да го препаркира возилото, но наместо тоа тој се обидел да избега и притоа удрил во друго возило и во капијата од станицата, по што бил фатен и задржан, објаснуваат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, од МВР најавија соодветна пријава против него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.