Вчеравечер во 23.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка Камењане, патничко возило „хјундаи генезис“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(34) од Скопје, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.