Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Н.Љ.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во Министерство за труд и социјална политика, тој не пријавил дека неговата мајка, која била корисник на права на „семејна инвалиднина“, починала на 22.01.2013, по што во периодот од 01.02.2013 до 06.03.2022 продолжил да ги користи правата, соопшти МВР.
На тој начин тој нанел штета на Буџетот за сума од 2.410.328 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.