Селото Сирково е заштитено, куќите и црквата се безбедни, пожарникарите го гаснат големиот пожар во росоманско, потврдија попладнево за МИА, од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.

На терен се делува со десет пожарникари и шест возила, рекоа од Противпожарната единица која интервенира во кавадаречка и росоманска општина.

Оттаму појаснија дека пожарот е над селото.

Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук напиша дека била спасена фарма од пламените јазици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.