Адвокатот на Сашо Мијалков Љупчо Шврговски по новата осудителна пресуда за неговиот клиент со казна затвор од 2 години предвиде дека ќе ја доживее истата судбина како претхдната која беше укината од апелација.
Тој смета дека не се испочитувани ниту едно од упатствата дадени од повисокиот суд а кои беа причина предметот да се врати на ново судење.
Законот вика дека одлуката на Управниот суд, правосилната одлука има сила на закон. Како може вие со обвинение да дерогирате одлука на Управен суд, а притоа не сте докажале надвор од разумно сомнение дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите коишто одлучуваат. Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната или одбраната била причина или обвинетите за одлагање на овој предмет. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган по 3-4 месеци и од кого е одлаган, дали одбраната е виновна за тоа или некој друг. Сепак ќе треба судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго. Затоа тоа е надвор од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите – вели Шврговски.
Сашо Мијалков е осуден на две годишна затворска казна од страна на кривичнот суд на која обвинитеството нема да се жали.
Оваа казна е за една година помала од претходно изречената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.