Вчера во 13.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Јажинце-Тетово, во тетовско Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.Е.(61) од тетовско Теарце и патничко возило „фиат панда“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(40) од тетовско Слатино.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило „фиат панда“, констатирани во Клиничка болница Тетово.

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.