Шумскиот пожар што избувна вчера над селата Ореше и Папрадиште, а предизвикан од човечки фактор, денеска е изгаснат од страна на мештаните.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) соопшти дека вчера во 20:05 часот од страна на шумар од ШС Бабуна биле известени дека при обиколка на место викано Плавник, бил забележан густ црн чад – шумски пожар на отворено каде горело дабова шума.

Пожарот бил над селата Ореше и Папрадиште, истиот се наоѓал на непрооден терен и е предизвикан од човечки фактор.  Пожарот е изгаснат денес од страна на мештаните, се наведува во соопштението на РЦУК.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.