На 22.11.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 17 прекршоци, од кои 11 надвор од населено место и 6 во населено место. Санкционирани биле и 28 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 3 за користење мобилен телефон и 15 за непрописно паркирање.

На 22.11.2023 во периодот од 16.00 до 22.00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 18 возачи кои во и надвор од населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. На сите им се поднесени соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.