Жител на Камењане, додека работел на патот Боговиње – Селце Кеч, пронашол две неексплодирани гранати.

На 01.01.2022 околу 14.00 часот во Полициско одделение Камењане, Џ.Ф. од с.Селце Кеч пријавил дека, додека извршувал работни задачи на локалниот пат од с.Боговиње кон с.Селце Кеч, забележал две неиспукани тромблонски мини „ЕРПГ“ кал. 40мм – информираат од МВР.

Увид на лице место извршила екипа од Полициско оддление Камењање, а мините се безбедно подигнати од инспектор од Дирекција за заштита и спасување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.