Таксистот Љубе Трајковски (66) од Велес, доби седум години затвор за сообраќајката која се случи на 10 февруари 2020, во која едно младо момче почина, а тројца патници беа тешко повредени, пренесува „Сакам да кажам“. Автомобилот на обвинетиот бил удрен од товарен воз кога преминувал преку железнички патен премин. Трајковски се товареше за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот, во сообраќајот“. Според обвинителството, делото е сторено со умисла поради тоа што обвинетиот секој понеделник, среда и петок, ги носел патниците на дијализа во Велешката болница и знаел дека на критичното место има железнички патен премин и минува воз. Пресудата ја образложи судијката Габриела Гајдова, претседателка на петчлениот Кривичен совет.

Тврдењето на одбраната дека во критичниот период не работела светлосната, звучната и вертикалната сигнализација не е точно. За видеото кое беше предложено за сведочењето самиот автор констатира дека е снимано пет години пред настанот. Вештото лице недвосмислено укажа дека обвинетиот не ја почитувал поставената сигнализација, преминал во налет преку преминот, наместо да сопре бидејќи имало таков сообраќаен знак, кажа Гајдова.

Повеќе на СДК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.