Во полиција утрово во 3:00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од скопското село Батинци удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од скопското село Средно Коњари.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од село Батинци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи В.А. и Б.С. , констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје – соопштија од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.