Автомобил „мерцедес“ со германски регистарски ознаки бил опожарен, вчера кај наплатната станица кај Романовце, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Кумановските пожарникари интервенирале 45 минути и го изгасиле пожарот на автомобилот.
ТППЕ интервенирале од 14:15 до 15:00часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, стои во информацијата на РЦУК Куманово.
Случајот го потврдија и од СВР Куманово од каде информираат дека вчера било пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје настанал пожар во патничко моторно возило во движење „мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Н.М.(28) од Куманово.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.