На 10.08.2024 година во 07.33 часот во СВР Штип, Х.В.(57) од Република Чешка пријавил дека на регионалниот пат Свети Николе – Куманово кај местото викано „Павлешенска чешма“, при движење со патничко возило „Шкода“ со чешки национални ознаки, настанал пожар на неговата камп приколка, која била прикачена на возилото.
Од Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.
По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.