Од засега непознати причини глисер во кој имало повеќе лица се запалил во водите на Охридското Езеро во близина на Градиште, на околу стотина метри од брегот. Како што јави Охридњуз, инцидентот се случил попладнево помеѓу 17:30 и 18:30 часот. ж

Случајот го потврдл портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Тој истакнал дека на местото на настанот веднаш се упатила екипа на Езерската полиција и пожарникари, но во меѓувреме пожарот бил изгаснат со помош на друг пловен објект, така што немало потреба од дополнителна интервенција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.