Тешка сообраќајна незгода попладневно се случила на излезот на Скопје, а возачот поради повредите завршил во Градската болница, објави Плусинфо. На социјалните мрежи се гледа возило кое, засега од непознати причини, возило завршило во зеленилото кое го одделува автопатот.

Автомобилот е речиси целосно смачкан, ја има пробиено едната банкина и странично е потпрен на едно од дрвата.

„Во 11.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железен мост Маџари на влез за Скопје патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Со повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје“, велат од МВР за Плусинфо.

Додека се врши увид на местото на несреќата, полициски службеници го обезбедуваат и сообраќајот во две ленти од автопатот е затворен за движење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.