Исчезнат е маж од Струга откако пред два дена отишол да бере печурки кон селото Брчево и не се вратил дома. Неговото исчезнување во СВР Струга го пријавил неговиот брат откако никако не можеле да воспостават контакт со него.
Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год се упатил во с.Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот. Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ.М., стои во соопштението на ЦУК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.