На 28.06.2024 во 07.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“, на делницата од крстосницата со магистрален пат и бул. „Ленинова“ до крстосницата која води во Зона Север, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт-539“, управуван од В.А.(65) од с.Баница, струмичко, и мотоцикл „кимко“, управуван од К.М.(44) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.