На 28.01.2023 околу 15.20 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.