Евиденцијата на одделот за аналитика при СВР Тетово покажува дека во текот на 2022 година сообраќајните полицајци изрекле 1728 мерки за управување на возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Во првите два месеци од годинава, заклучно со денеска 28 февруари бројот на ваквите мерки изнесува 260.
-Секторот за внатрешни работи Тетово апелира посебно до младите, да не управуваат возила без претходно да ја завршат теоретската и практичната обука и да го положат возачкиот испит, зашто во спротивно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Да бидат максимално внимателни им се советува и на возачите-почетници Најголемиот број од прекршителите на кои им биле изречени законски предвидените мерки управувале патнички моторни возила, а некои и комбиња, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност, а иста глоба ги очекува и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, иако знаеле дека немаат дозвола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.