Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.

Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција. Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“, велат од ОЈО Скопје.

Според МВР вчера, 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од Арачиново. Според пријавеното, во нив било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „Ауди“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.