На улица „Штипска” во Тетово денеска околу 10 часот и 20 минути, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 41-годишниот тетовец К.К..

Тетовецот, информираа од МВР, се барал  по распишана потерница од КПУ „Идризово”-Скопје за доиздржување на затворска казна од година и пол, за сторено кривично дело „кражба”, казниво по член 235 од Кривичниот законик.К.К. е спроведен за доиздржување на затворската казна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.