Вчера во 11 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Косовска“ во Тетовo патничко моторно возило удрило во 64-годишниот Т.А. од Тетово, по што го напуштило местото на настанот.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, од каде преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.