Од вчера од утринските часови се трага по 80-годишната Олгица Димитровска со живеалиште во Скопје која за викендот престојувала во шарпланинското село Јелошник, Општина Теарце. Нејзината ќерка забележала дека ја нема од околу 8 часот утрото, а по неколку часовна безуспешна потрага низ селото било пријавено и во полицијата.

Олгица Димитровска има 80 години и има деменција. Можно е да тргнала од Јелошник кон пониското село Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку има доброволци апелираме за помош во потрагата, полицијата веќе е на терен, информираат од семејството на ќерката на Олгица.

Според сознание на семејството, кое сподели фотографија, кога излегла од дома, Олгица била облечена во фустан со кафеава боја и црни копчиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.