Две жени и една малолетна девојка вчера доживеале физичко и ментално насилство од нивните партнери.
Прво 31-годишна жителка на гостиварско село во 13 часот во СВР Тетово пријавила дека Е.М.(48) од друго гостиварско село, со кого била во љубовна врска, на трети овој месец на локален пат кон селото физички ја нападнал. Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на овој случај.
Околу 22:30 часот, 35-годишна жителка на тетовско село во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот сопруг А.И.(33), по меѓусебна вербална расправија, половина час пред тоа, физички ја нападнал.
Нешто подоцна, тој е повикан во Полициската станица Тетово и се расчистува и документира случајот.
Во исто време, малолетничка од Гостивар во СВР Тетово пријавила дека околу 21:30 часот на градскиот плоштад во Гостивар, Џ.Н., со кого претходно била во љубовна врска, физички ја нападнал. Се расчистува и документира случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.