Полицијата вчера во сообраќајна контрола на територијата на државата казнила 535 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час, а три возила со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 321 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 214 надвор од населено место, информира МВР.

Министерството укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.