Во текот на вчерашниот ден четири жени пријавиле семејно насилство од партнерот.

Прво во Полициската станица Радовиш, 20-годишна жена од Скопје во 14.15 часот пријавила дека во домот била физички нападната од својот вонбрачен сопруг Т.Н. од Радовиш. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во 15.30 часот, пак, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Н.М.(46) од Штип затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал својата невенчана 39-годишна сопруга, при што употребил тврд и остар предмет.

Во Полициската станица Гостивар, 36-годишна жена од Гостивар во 16.30 часот пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.И. од Гостивар.

Во Полициската станица Аеродром, пак, 26-годишна жена од Скопје вчера во 18.30 часот пријавила дека околу 18.20 часот на подрачје на општина Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.П..

По целосно документирање на случаите ќе следуваа соодветни поднесоси, велат од полиција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.