ЕВР Аеродром при СВР Скопје поднесе 4 кривични пријави до Јавното обвинителство по брза постапка за сторени пет кривични дела „разбојништво“. За четворицата осомничени има одреден притвор од надлежен судија на предходна постапка

ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје на ден 29.02.2024 поднесе кривична пријава против лицата И.Ш.и Ј.А. за сторено кривично дело „разбојничка кражба“ предвидено и казниво по член 238 од КЗ, случена на 27.02 2024 год на подрачје на ПСОН Драчево, по што Судија на претходна постапка на истите им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена.

На ден 05.03.2024 од страна на ЕВР Аеродром и Драчево поднесена е кривична пријава по брза постапка против лицата со иницијали E.С. и Ј.С. за сторени 3 (три) кривични дела „разбојништво“ предвидени и казниви по член 237 од КЗ, случени на ден 26.01.24 г, 13.02.24 г и 01.03.24 г на подрачје на ПСОН Аеродром, по што судија на претходна постапка на лицето со иницијали Е.С. му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, а на лицето со иницијали Ј .С. му одреди мерка домашен притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.