Хрватскиот ракометар Денис Тот кобната ноќ седел во исто сепаре со тројцата осомничени за неговото убиство. Според „Јутарњи лист“, хрватскиот ракометар еден дел од вечерта во ноќниот клуб ја поминал со Клементина Л.(19) , Ангело Ѓоргиевски (28) и Андреј К.(22), кои по излегување од дискотеката го претепале Тот.
Која била причината тројцата да го нападнат ракометарот заега не е познато. Она што официјално е информирана јавноста, и од она што министерот Оливер Спасовски го кажа, е дека Тот и Клементина се познавале од претходно и дека нешто во нивниот меѓусебен однос е причина за инцидентот.
Ракометари на РК„Бутел“ за „Јутарњи“ рекле дека во „Привилиџ“ не оделе често, но дека заедно целиот тим биле таму пред два месеци за да ја прослават победата над „Е. Пелистер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.