На 12.10.2024 околу 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Стар Дојран го лишиле од слобода А.С.(36) од Радовиш поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 – б од Кривичниот законик.
Имено, претходно, по преземени мерки и добиени оперативни сознанија, на крстосница Богданци полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., при што бил пронајден ранец и траги од превоз на други лица. Набргу, по преземени мерки, помеѓу селата Стојаково и Богородица биле пронајдени осум лица мигранти од Непал, кои изјавиле дека биле превезувани во возилото и дека заборавиле ранец.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.