Инспектори за странци при Регионалниот центар за Гранични работи Југ во координација со Државниот инспекторат за труд вчера извршиле контрола на градилиште во Велес.

Како што соопшти МВР, при контролата биле затекнати три турски, двајца албански и еден косовски државјанин, кои работеле како градежни работници на објектот без да поседуваат работни дозволи.

Државниот инспекторат за труд презел соодветни мерки кон изведувачот на работите на градилиштето.

Странските државјани биле изведени пред судија за прекршоци, кој им изрекол парични глоби и мерка протерување и забрана за влез во државата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.