На 09.10.2022 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Д.Н.(29) од Скопје.

Претходно, во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Словенија“ се слушнале истрели од огнено оружје, по што полициски службеници излегле на местото и пронашле неколку чаури и еден неиспукан куршум.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.