Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско.

Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране, гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош.

Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со 4 куршуми. По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.