Во селото Парналија на Плачковица во Општина Карбинци вчера било најдено мртво 11-годиншно девојче пред еден помошен објект, потврди СВР Штип, објави СДК.мк.

Вчера околу 13 часот СВР Штип добила пријава за случајот, по што бил извршен увид на местото на настанот, вели портпаролот Гордана Панајотова. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај девојчето, а не биле утврдени траги на насилство.

По налог на Обвинителството телото било дадено на семејството, а случајот сепак ќе се истражува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.