Полицијата денеска ги најде тројцата мотоциклисти од Штип кои вчера заедно со група мотоциклисти се движеле на планината Плачковица и околу 19 часот се издвоиле кон село Зрновци по што биле недостапни.

На планината Плачковица, денеска во близина на хидроцентралата во изградба на Зрновска Река, кочанско, полициски службеници од СВР Штип во координација со претставници на Off-road клуб Штип ги пронашле тројцата мотоциклисти А.С., С.Д. и Б.Т., сите од Штип. Вчера заедно со група мотоциклисти, тие се движеле со мотоцикли на планината Плачковица и околу 19 часот се издвоиле од групата кон село Зрновци, по што биле недостапни, информираат од МВР.

Тројцата мотоциклисти се пронајдени кај местото Казандол, неповредени, во добра здравствена состојба и вратени.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.