Вчеравечер во 21.20 часот во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во Џепчиште, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген тигуан“ управуван од Б.Б.(68) и „фиат“ што го управувал Н.Н.(74), двајцата од ова село и мотоцикл со тетовски ознаки, управуван од малолетник од истото село.

Во несреќата, малолетникот и 21-годишниот сопатник од мотоциклот А.М. од Џепчиште се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.