Триесетгодишен жител на село Градошорци, општина Василево, И.М., вчеравечер околу 19.40 часот во струмичкото село Костурино бил приведен од полиција, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Во неговото возило биле откриени седум мигранти од Сирија. И.М. го лишиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Исток.
Околу 19.30 часот на регионалниот пат P-1401, на место викано Валандовско брдо, полициски службеници дале знак за запирање на две патнички возила „бмв“, со битолски и со штипски регистарски ознаки, но возилата не застанале, по што во село Костурино возилото „бмв“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал И.М., било запрено, а при преглед во него биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.