Во 19 часот на 18 март, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село Сирково, кавадаречко.

При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на муниција. Истовремено, кај Б.П. биле пронајдени и одземени повеќе ловечки патрони.

Лицата биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.