Во периодот од 19.30 до 23.20 часот на 02.07.2022 за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единицата за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода М.М.(22) и Б.Ш.(23), двајцата од Кавадарци, С.Б.(18), К.Г.(19), А.С.(24) и А.С.(18), сите од Скопје, Д.А.(22) од Штип и Е.Ј.(40) од Радовиш. . При преглед кај лицата била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.