На 02.07.2022 во 17:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Кузман Јосифовски Питу”, патничко возило „фиат стило” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц.(24) од Скопје, удрило во жардињера и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Т.(25) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.М.(26) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „СВ.наум Охридски”.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.