Вчеравечер во 23.00 часот полициски службеници, по преземени мерки и активности, во с.Кадрифаково, светиниколско, го пронашле К.П.(17) од Струмица, кој имал здравствени проблеми, а за кој во 14.30 часот во СВР Штип неговата мајка пријавила дека се оддалечил од возилото во кое се превезувале, кај наплатната рампа кај с.Кадрифаково, на автопатот Скопје-Штип.
Како што соопшти МВР, лицето било предадено на родителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.