Триесетгодишен скопјанец бил прободен и ограбен кај рампата за влез во парк-шумата Гази Баба.

При нападот, на нападнатиот му била украден професионален фотоапарат.

На 02.01.2022 во 01.30 часот во СВР Скопје И.Н.(30) од Скопје пријавил дека на 01.01.2022 околу 23.00 часот, пред рампа за влез во парк-шума „Гази Баба“, четири лица му одзеле јакна и ранец со професионална опрема за фотографирање, при што едно од нив со остар предмет му нанело повреда – информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.