Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Одделение за криминалистички работи – отсек потраги, вчера во 13:30 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, го лишиле од слобода З.С.(43) од Скопје.

За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Лицето било предадено на надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.