По претходно добиени оперативни сознанија, на 10.01.2024 во 13.45 часот на автопатот “Пријателство” во близина на с. Марвинци од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ- ПС за ГН Михајлово било запрено патничко возило “ауди” со скопски регистерски таблички, управувано од Т. П. (38), а во возилото се пронајдени четири лица, мигранти од Кина.

Како што соопшти МВР, било сопрено и возило “голф” управувано од Т.О. (40) од Скопје, под сомнение дека било претходница на возилото “ауди”. Т.О. и Т.П. се лишени од слобода.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за Гонење организиран криминал и корупција и по документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава, наведуваат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.