Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи Гази Баба синоќа во 20.00 часот на ул.„Бутелска“го лишиле од слобода А.А.(41) од Скопје, а во 21.35 часот на ул.„Индира Ганди“ С.А.(44) од Скопје.
За нив биле распишани централни потерници по наредби од Основниот кривичен суд – Скопје, според кои А.А. се барал за издржување на казна затвор од една година и 8 месеци за сторени кривични дела по чл.236 и чл.206 од Кривичниот законик, а С.А. за казна затвор од 2 години за сторено кривично дело по чл.235 од Кривичниот законик. Двете лица биле предаден на надлежната казнено – поправна установа за издржување на казните, соопштија денеска од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.