Двајца мажи беа уапсени вчера во тетовско-гостиварскиот регион за агресивно однесување кон нивните партнерки.

Во 16:45 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во месноста „Стража“, го лишиле од слобода 27-годишниот Ф.Н. од гостиварско село, кој бил пријавен од неговата 24-годишна невенчана сопруга дека во домот во Гостивар физички ја нападнал и не и дозволувал да излезе надвор.

Ф.Н. е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде
изготвен соодветен поднесок.

Полициски службеници на СВР Тетово, пак, околу 23 часот го привеле 64-годишниот тетовец Х.Ј.. Еден час пред тоа тој бил пријавен од неговата 58-годишна сопруга дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неа и ја оштетувал покуќнината.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.