Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода Е.М.(20) од Кавадарци и Д.Џ.(20), со привремен престој во Кавадарци.

Како што денеска информираа од МВР, тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од село Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.