На 15.07.2022 полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа К.С. (18) од Тетово и М.Д. (24) од Скопје затоа што на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на јавен сoбир фрлале со камења кон полициските службеници и зградата на Собранието и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства.

До надлежното обвинителство поднесена е кривична пријава за кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од КЗ, по што лицата се изнесени пред судија на претходна постапка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.